Стано: ЕК не бара да престанат протестите

Од:

Европската комисија не бара да престанат протестите, туку органите треба да се остават да ја завршат истрагата за 5-кратното убиство кај Смиљковскито езеро, изјави портпаролот на комисијата, Петар Стано.

Оваа реакција доаѓа, откако пред неколку дена, медиумите во земјава пренесоа дека Европската комисија апелирала протестите да запрат, имајќи предвид дека на нив редовно доаѓа до инциденти.

„Можеби не сум бил јасен, но Комисијата не бара запирање на никакви протести во Македонија, истото го потврди и нашата делегација во Скопје. Ние го поддржуваме правото на сите граѓани за слободно изразување и мирно да реагираат, да бидат мирни и да ги остават органите на законот да ја завршат работата во врска со грозоморното убиство кај Смилковско Езеро.

Секоја од страните треба да направи се’ што е во нивна можност да не се влошуваат меѓуетничките односи во Македонија, што е во интерес на оваа држава и нејзините граѓани. Во тоа треба да учествуваат сите политички лидери и медиумите во Македонија“, изјави портпаролот на комесарот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Штефан Филе.

 

Би можело да ве интересира

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов