Стаменковска Стојковски: Прекинот на телевизиските програми поради нетрансапрентно носење на законските измени

Од:

Вчерашниот прекин на телевизиските програми кои ги емитуваат операторите се резултат на недемократскиот, нетранспарентен и неинклузивен начин на донесување на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и шверцерското носење на Уредбата со законска сила за примена на ЗААВМУ за време на вонредна состојба, напиша дополнитената заменик министерка Невенка Стаменковска Стојковски во објава на својот профил на Фејсбук.

Во реакцијата за прекинот на емитувањето на програмите таа наведува дека во постапката на донесување на измените на законот „на СДСМ не му беше потребна квалитетна јавна расправа и обезбедување предуслови за соочување на аргументите на сите засегнати страни со цел носење на квалитетно законско решение, туку гласање по скратена постапка непосредно пред распуштањето на Собранието“.

-Протестниот прекин на програмите од страна на операторите и медиумскиот и информативен мрак кој им се заканува на граѓаните на Република Македонија е обележје на начинот на владеење на оваа гарнитура. Само на тоталитарна власт каква што практикува СДСМ и одговара прекин на информациите и исклучување на телевизиите, наведува, меѓу останатото Стаменковска Стојковски.

Кабелските оператори синоќа по 18 часот времено го прекинаа реемитувањето на телевизиските програми со исклучок на тие од јавниот сервис, во знак на протест од, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

Македонската медиумска асоцијација (ММА) која ја сочинуваат 5-те национални телевизии –Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма, нивниот потег го оцени како самоволие и тешко кривично дело. Порачаа дека петте телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата содржина што ја емитуваат, како и дека управителите за тоа гарантираат под целосна морална и кривична одговорност.

Министерство за информатичко општетсво и администрација во соопштение укажа дека со прекинот на програмите е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации, притоа упатувајќи и на условите под кои може да дојде до прекин на емитувањето на програмите, како и на последиците од непочитувањето на ЗЕК. Корисниците на услугите на операторите ги советуваше дека законски имаат право за надомест на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори, како и соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он