Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во петок температурата ќе достигне до 36 степени, ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и наместа температурите ќе бидат пониски за неколку степени.