Стабилизација на времето од утре, но со пониски утрински температури, најавуваат метеоролозите.
Од УХМР информираат дека од утре следува период на стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло.
Најниската утринска темпратура ќе се спушти до три степени и ќе се движи до 11, за време на викендот утрата ќе бидат со температура меѓу 5 и 15 степени, во понеделник од 10 до 16 степени. Максиматалната температура ќе се движи од 17, достигнувајќи до 30 степени во понеделник.