ССНМ со осуда за физичкиот напад врз Златев

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро го осудува физичкиот напад врз новинарот Љупче Златев што се случил синоќа во еден скопски локал .

Според Златев, тој бил физички нападнат од лице, подоцна идентификувано од нападнатиот, кое се обидело да го исфрли од локалот при што му биле нанесени повеќе лесни телесни повреди.

Нападот е пријавен во полиција и ССНМ, стои во денешното соопштение, очекува брзо откривање на сторителите и нивно изведување пред лицето на правдата .

– Слободата на говор и плурализмот во медиумите се основи на секоја демократија и без основна безбедност на новинарите и медиумските работници, не е можно практикување на оваа професија. Ги повикуваме институциите, МВР и Основното јавно обвинителство итно да постапуваат во ваквите случаи и тие да не се оставаат нерешени, бидејќи неказнивоста значи и еден вид охрабрување на идните престапници, се наведува во соопштението од ССНМ.

Од ССНМ уште еднаш потсетуваат дека е потребна итна измена на Кривичниот закон, при што нападот врз новинари и медиумски работници ќе се третира како напад врз службено лице, односно институциите ќе мора по службена должност да преземаат дејствија за расчистување на ваквите напади.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски

Промовиран Водич за интегритет на медиумите: Испреплетеноста на медиумската сопственост со уредништвото предизвикува сериозна загриженост околу новинарската независност