ССНМ со осуда на онлајн нападите врз новинарката Мирослава Бурнс

Од:

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници остро ги осудува онлајн-нападите и заканите за безбедноста на новинарката Мирослава Бурнс.

Таа вчера пријавила до ССНМ низа онлајн-напади преку „Фејсбук“, а следувале по нејзиното објавување текст за организирање свадба во ресторан во Тетово, што е спротивно за законската регулатива, која се однесува на борбата против епидемијата на Ковид-19.

Од ССНМ напоменуваат дека објавувањето вакви престапи, со кои се загрозува јавното здравје, е од јавен интерес и новинарите и медиумските работници не смеат да бидат цел на какви било напади и закани поради својата работа.

„Истовремено, ја поздравуваме брзата реакција на полицијата да преземе дејства за заштита на новинарката на ‘Слободен печат’, која, по пријавувањето на заканите во полиција, доби 24-часовна заштита“, се наведува во соопштението од ССНМ.

Од Синдикатот велат дека овој случај е типична потврда дека нападите врз новинарите и медиумските работници треба да бидат третирани како напад врз службено лице, односно институциите да бидат обврзани по службена должност да преземаат мерки и дејства.

„ССНМ во партнерство со ЗНМ веќе неколку години ја застапува иницијативата за промена на Кривичниот закон, според кој нападите врз новинарите ќе бидат третирани како напад врз службено лице. Очекуваме дека по овој случај и по низата други, што само оваа година ги регистрира ССНМ, итно да се пристапи кон овие законски измени. Крајно време е да се заштити новинарската професија како една од клучните професии за штитење на јавниот интерес. Се надеваме дека на новото Собрание и на новата влада ваквите законски измени ќе им бидат приоритетни по нивното формирање“, велат од ССНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање не треба да се сведе на три фирми

А1он

Маричиќ се сретна со нападнатата новинарка Смилевска, најави посилна законска заштита за „седмата сила“

А1он

Советот на амбасадори го осудува инцидентот врз екипата на ТВ Ал Џезаира

Ана Ололовска

МВР: Напаѓачот на новинарската екипа на Ал Џазира приведен, ќе следува соодветен поднесок

Ана Ололовска

СЕММ го осудува нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира

Ана Ололовска

АВМУ: Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џазира

Ана Ололовска