ССНМ ја поздравува одлуката за бесплатен пристап на новинарите до документите од Централен регистар и Катастарот

Од:

Самостојниот синдикат на нопвинарите (ССНМ) ја поздравува одлуката на Владата на Република Македонија за бесплатен пристап на истражувачките новинари до документите од Централен регистар и Агенцијата за катастар на недижностите и ја оценува како чекор напред во процесот за ослободување и подобрување на состојбите на медиумските и новинарски права.

ССНМ смета дека со оваа одлука на истражувачките новинари ќе им се олесни пристапот до информациите што ќе ја зголемат транспарентноста, отчетноста и општествената одговорност на носителите на јавните функции, но и на правните лица и ќе влијаат на намалување на корупцијата и злоупотреба на службената положба. Според ССНМ, ваквата одлука истовремено ќе го поттикне и развојот на инаку дефицитарното истражувачко новинарство кое е има суштинска улога во обезбедувањето на информациите што се од интерес на јавноста.

ССНМ ја охрабрува Владата да продолжи во оваа насока и што поитно да подготви измени на Законот за пристап до информации од јавен карактер.

Би можело да ве интересира

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата