ССНМ го поддржува маршот на толеранцијата

Од:

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници по повод Меѓународниот ден на толеранцијата 16 ноември потсетува на фактот дека демократскиот капацитет на едно општество се мери со степенот на толеранција на различностите и дека улогата на новинарите е да ја поттикнуваат и негуваат.

Воедно, ССНМ и годинава, како и сите претходни години, го поддржува Маршот на толеранцијата што се одржува во Скопје на 17 ноември.

Само почитувањето на правилата на професијата, кои ни наложуваат борба против дискриминација врз основа на раса, пол, сексуална ориентација, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, ни дава право да бидеме дел од глобалната медиумска заедница.

Затоа ги повикуваме нашите членови да се приклучат на искажувањето поддршка на Маршот, зад кој стои идејата за општество ослободено од дискриминација од каков и да е вид и во кое почитувањето на човековите права е приоритет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува