ССНМ: Ги осудуваме онлајн нападите врз новинарите и бараме реација од институциите

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги осудува онлајн нападите и заканите на социјалните мрежи врз колегата Мишко Иванов, како и зачестените напади врз други новинари и новинарки. По тој повод ССНМ апелира до сите новинари и медиумски работници сите овие напади, закани, онлајн малтретирање и слично да ги пријавуваат до органите на прогонот и соодветните институции, иако со жалење констатира дека МВР овие закани не ги сфаќа сериозно и по нив не постапува според своите законски овластувања.

– Институциите треба постојано да реагираат и да ги санкционираат ваквите појави бидејќи решавањето на случајот со нападите врз две новинарки од страна на Емил Јакимовски не смее да остане единствен. Во таа смисла, ССНМ ги повикува сите новинари и медиумски работници, да ги пријавуваат заканите и нападите во Синдикатот, преку пораки на Фејсбук страната или на електронската пошта [email protected]. ССНМ ќе го документира секој случај и ќе преземе соодветни мерки, инсистирајќи до соодветните институции да ги преземат мерките што им стојат на располагање и истовремено информирајќи ги меѓународните институции за состојбата со нападите врз новинарите, се вели во соопштението од ССНМ.

Состојбата со нападите врз новинарите што професионално и чесно си ја вршат својата работа, велат од Синдикатот, е неодржлива и таа уште веднаш мора да се смени. ССНМ смета дека нема објективно и професионално новинарство доколку новинарите и медиумските работници работат под притисок на закани и напади.

Само со јавен притисок кон институциите, но и јавно обелоденување на оваа појава со цел кревање на свеста на јавноста, како и заедничка реакција, сметаат од Синдикатот, може да придонесе за намалување на нападите, заканите и онлајн малтретирањето на нашите колеги.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски