ССМ обвинува: Автобуси на ЈСП биле криени во пречистителната станица Волково

Од:

Во текот на вчерашниот ден, автобуси на ЈСП Скопје се кријат и паркираат по објекти на ЈП Водовод и канализација Скопје и истите утринава се уште биле таму со што сериозно се нарушува безбедноста на објектите на ЈП Водовод и канализација Скопје за што в.д директорот Митовски треба да одговара како и да одговараат неговите налогодавачи се вели во објавата од Сојузот на синдикати на Македонија.

– Во пречистителната станица Волково на ЈП Водовод и канализација Скопје во доцните вечерни часови биле внесени и паркирани автобуси на ЈСП Скопје и тоа до самите базени и пумпи со што е нарушена безбедноста, а за што синдикатот СУТКОЗ упорно предупредува изминатите денови.
Пречистителната станица на ЈП Водовод и канализација Скопје во Волково е објект од витално значење за градот Скопје и со ваквиот преседан Митовски како в.д директор и неговиот налогодавач директно го доведуваат во опасност функционирањето на објектот како поради опасност од излевање и истекување на опасни материи од автобусите, како и опасност од предизвикување на хаварија од поголем обем за чија интервенција на итните служби како против пожарната служба ќе бидат попречени се вели во соопштението од ССМ.

Од таму уште тврдат и дека биле злоупотребени ресурси на „Водовод и канлаизација“.

Багер – скип работел и отворал пристап на задната страна од гаражата на ЈСП во Ѓорче Петров со што директно се злоупотребуваат ресурсите и работниците на ЈП Водовод и канализација Скопје со што се прави штета за лични цели на в.д Директорот и на неговиот налогодавач тврдат од Синдикатот.

Бараат в.д. директорот на претпријатитето да биде разрешен, а ОЈО и МВР да преземат мерки.

Би можело да ве интересира

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

ССМ на протест пред Врховен суд поради одлуката со која се одзема Работничкиот дом