Средношколци истепани поради девојка

Од:

Седумнаесетгодишник и негов другар, ученици од втора година во СУГС „Димитар Влахов“, биле физички нападнати од лицето Г.М. од село Арачиново и од уште еден ученик во училиштето. Нападот е пријавен во полицијата вчера попладне околу 16 часот.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, додека двајцата малолетници стоеле во училишниот двор им пришол нивен соученик и ги повикал да појдат со него на улицата пред училиштето. Таму ги чекал Г.М., кој насилно ги внел во возило „Голф 3“ со скопски регистерски ознаки и му се заканувал на седумнаесетгодишникот да ја остави неговата девојка и да не се гледа повеќе со неа. По пристигнување во близина на основното училиште „Битолски конгрес“ излегле од возилото по што и физички ги нападнале нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов