Средбата Груевски-Ахмети без договор

Од:

Ахмети и Груевски не успеаја да ги доближат или усогласат ставовите. Секој останува на своето.

За Груевски нема отстапки од решенијата во законот за бранителите и нивните семејства, иако предлага законот наместо во скратена постапка да се носи во две фази.

Ахмети, за да не го загуби рејтингот бара во законот, истите права да бидат и за бранителите и за борците на ОНА.

Она што е ново барање, за кое веќе пишуваше А1 е  13-ти  август, Денот на потпишување на Охридскиот договор,  да биде државен празник „ Ден на мачениците на ОНА“.

Голема е веројатноста ДУИ да излезе од владат, како што најавија и Ахмети и неговиот портпарол Османи.

Како што дознаваме Муса Џафери, бил единствениот кој се согласил со желбата на Груевски изборите да се одржан на 28-ми октомври.

Тоа е и првиот можен законски термин, бидејќи според Изборниот законик рокот за одржување на изборите е 60 дена од денот на распуштање на парламентот.

Во недела , дознаваме ќе има уште еден обид за разговори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата