Средба на министерот Манчевски со турскиот колега Арслан

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска оствари работна средба со својот колега од Турција, министерот за транспорт, морепловство и комуникации Ахмет Арслан.

На средбата се разговараше за создавањето на услови за трет мобилен оператор во Македонија, и искуствата на Турција во оваа област.

Министерот Манчевски ги презентираше заложбите на МИОА во делот на дигитализацијата на администрацијата, зголемување на бројот на е-услуги и подготовката на оперативниот план за широкопојасен интернет.

Министерот Манчевски и министерот Арслан, се обврзаа на заедничка соработка и поддршка во наредниот период.

Средбата се одржа во рамки на најголемиот Светски мобилен конгрес, којшто се одржува во Барселона. Министерот Манчевски е дел од конгресот, со цел разговори за создавање на услови за трет мобилен оператор во Македонија, како единствена земја во Европа со помалку од три оператори.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он