Средба на министерот Дураки со делегација на Европската Зелена партија

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска се сретна со делегација на Европската Зелена партија предводена од копретседавачот на партијата Реинхард Бутикофер, и членовите Орас Тинкинен и Томас Ваиц.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, целта на посетата била размена на информации и запознавање на европската делегација со македонската политика, актуелните перспективи и случувањата со посебен акцент на состојбата во секторот на животната средина и европските интеграции.

Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање претставниците на делегацијата на Европската Зелена партија биле информирани за состојбите со отпадните води и третманот на отпадот во Република Македонија, како и за загадувањето на воздухот во градовите Куманово, Скопје, Тетово и Велес.

Членовите на Европската Зелена партија, како што се наведува во соопштението, се интересирале за постапката за изградба на нови рудници за бакар и злато во Македонија, при што ја понудиле нивната експертска помош при усогласување на техничката документација со европските еколошки стандарди, во оваа област.

Би можело да ве интересира

Отворена нова веб-страница за достапност на Националните црвени листи

Ана Ололовска

Заев на средба со генералната секретарка на Европската зелена партија

Спасовски: Одлуката на “Европските зелени” да го одржат годишното собрание во нашата земја е признание за нашите политики за животната средина

Драган Поповски

МЖСПП: Координирани и засилени активности за справување со отпадот

Ана Ололовска

Се намалува прагот на алармирање за загадениот воздух

Ана Ололовска

Дураки до Заев: Поднесувам оставка, моето раководење ќе остави траен белег

Кристијан Ландов