Средба на Груевски со амбасадорите на САД, држави членки на ЕУ и НАТО: Потребни се избори по највисоки стандарди

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари средба со амбасадорите на САД, држави членки на Европската Унија и НАТО во Република Македонија, информираа од партијата.

На средбата се разговарало за изборната кампања за локалните избори и нејзиниот тек.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели и била истакната потребата од спроведување на фер и демократски избори, за што е потребен зголемен ангажман на државните институции.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена во заложбата за спроведување на фер и демократски избори и создавање на демократски амбиент за сите учесници во изборниот процес. Неминовно е власта да престане со злоупотребите на државните институции, со цел запазување на демократијата, велат од опозициската партија. и додаваат дека престојните локални избори мора да бидат по највисоки стандарди, со цел Македонија да продолжи да чекори по патот кон ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм