Средба на Ахмети со германскиот амбасадор Герберих

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес во Тетово оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Германија во Република Македонија, Томас Герберих.

Германскиот Амбасадор ја изрази силната германска поддршка за реформските процеси во Македонија како и Евроатлантската интеграција на земјата.

Ахмети му честита на Амбасадорот Герберих и му посака успех во работата, нагласувајќи дека тесната соработка со германските власти ќе продолжи и во иднина.

Претседателот Ахмети рече дека изборната кампања се одвива мирно и дека ДУИ ќе се ангажира за слободен изборен процес и прифатлив за сите.

Во однос на реформите, ДУИ останува целосно посветена за да продолжи со реформскиот процес со истиот интензитет по завршувањето на изборите.

Ахмети говореше и за важната улога што ја има Германија во Евроатлантските интегративни процеси и го покани Берлин да ја интензивира помошта во решавањето на спорот со името.

Соговорниците разменија мислења и за законот за употреба на јазиците, добрососедството, економскиот развој итн.

Би можело да ве интересира

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Предраг Петровиќ

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он