Средба Мицкоски-Радев: Добредојдена е поддршка од Бугарија за интеграциите во ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев. На средбата се разговараше за повеќе теми важни за регионот, стратешките интереси на Република Македонија и за актуелните случувања во државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека е за развој на добрососедски односи, кои треба да се градат на реципрочна основа, и взаемно почитување, и во таа насока добредојдени се сите иницијативи кои ги рефлектираат овие заложби.

Мицкоски зборуваше и за актуелните случувања во земјава при што истакна дека загрижувачка е загрозената демократија, политичкиот терор спроведуван од власта и стангирачката економија која се одразува врз стандардот на граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е потребна интеграција во Европската Унија и НАТО, и за таа цел добредојдена е и поддршката од Република Бугарија. Тој констатираше дека за жал нема никаков напредок во поглед на реформските приоритети врзани со интеграција на државата. Иднината на регионот е во овие организации, во цврстите пријателства и меѓусебното почитување, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум ќе го надминеме

Мицкоски: Ние сме „фронт-ранери“ во реформската агенда, Албанија и Црна Гора не одат пред нас