Средба Ахмети-ФДМ: Разделени нема далеку да стигнеме

Од:

Претставниците на Форумот за демократска Македонија, Благојче Петрески, Маја Панова и Филип Цветановски, во Скопје се сретнаа со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

„Навистина ме изненадивте, за прв пат гледам претставници од дијаспората кои сакаат заеднички да функционираат. Разделени нема далеку да стигнеме“, рече Ахмети на првата средба со претставниците на Форумот, граѓанска и мултиетничка организација на иселениците од Македонија.

Ахмети додаде дека „оние аналитичари кои мислат дека не ме интересира проблемот со името, се лажат. И јас имам исто како и секој од вас една татковина, а тоа е Македонија. Сакам да имаме силна држава, да бидеме во НАТО и ЕУ“.

На средбата се разговараше и за можните активности во иднина, при што претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вети поддршка за визиите на ФДМ. Како поранешен припадник на дијаспората Ахмети рече дека целосно ја поддржува програмата на ФДМ и ги поздрави напорите на Форумот за поинаква, инклузивна, ненационалистичка дијаспора.

По средбата со претседателот на ДУИ, претставниците на Форумот за демократска Македонија се сретнаа и со најстариот пратеник во Македонското собрание од редовите на Демократската унија за интеграција, Бранко Манојловски и пратеникот на владејачката партија СДСМ, Чедомир Саздовски, кои исто така ги поздравија активностите на ФДМ.

Залагањата на пратеникот Манојловски за правата на ЛГБТ заедницата беа поздравени од ФДМ. Обајцата беа согласни дека ФДМ може да придонесе за поинакви размислувања и идеи, а иселениците ќе можат директно да учествуваат со своите искуства во подобрување на многу сфери во општеството, како подобрување на соживотот во Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче