Спречен шверц на егзотични животни

Од:

Десетте егзотични животни што Царината ги заплени во средата попладне при обид да се внесат нелегално во Македонија, се згрижени и имаат добиено соодветни услови во Зоолошката градина.

Станува збор за четири единки леопардов гекон, четири камелеони, една голема шкорпија, три пченкарни змии, два кралски питона, една млечна змија, четири црно-бели калифорниски кралски змии и една калифорниска кралска змија со линии.

Животните, како што изјави директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, ги пренесувал македонски државјанин со товарно возило со бугарски регистарски таблички кој ги презел од српски државјанин во близина на Белград, а се пронајдени во кабината на камионот. Обидот за криумчарење е спречен при влез на Табановце.

Овие животните се под посебен режим за увоз, појасни Каргов и додаде дека нивната проценета вредност е 4.000 евра. Дел од нив се заштитени со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дивата флора и фауна, на која Република Македонија е потписник од 2000 година.

Според досегашните разговори, како што рече Каргов, биле наменети за лице од Битола, против кое ќе биде поднесена соодветна пријава по завршување на постапката.

Ова не е прв случај на криумчарење животни, и претходно имало случаи на влез на птици, желки и слично и сите тие се згрижуваат во Зоолошката градина.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија