Спречен поголем инцидент во Враништа

Од:

Група од повеќе жители на струшкото село Враништа синоќа го блокираа регионалниот пат Струга-Дебар. Настанот се случи во 23 часот и 30 минути во близина на крстосницата за селото Ложани со што се предизвика привремен застој во сообраќајот.

По кратко време, на околу 50-тина метри од крстосницата се собрала друга група жители на селата Велешта, Октиси и Лабуништа при што настанале вербални дофрлања и навреди. Со навремена интервенција на полициски службеници, спречена е можноста од поголемо нарушување на јавниот ред и мир информираат од СВР Охрид.

„На овој настан синоќа, му претходело нарушување на јавниот ред и мир во кое лицата А.Н. (44 ) од Враништа и Б.Ш. (46) од Лабуништа се полесно повредени од здобиени удари со железни предмети. Овој настан се случил во 23 часот во близина на спортскиот полигон кај Враништа кога на регионалниот пат биле застанати четири лица со нивните патнички моторни возила. Притоа, настанала вербална расправија и физичка пресметка“, изјавија од СВР Охрид.

Полициската станица од Струга, презема интензивни мерки за идентификација на учесниците во нарушувањето по што ќе поднесе кривична пријава.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов