Спорт Лаиф обезбеди 2 нови медицински апарати за КАРИЛ

Од:

Со акцијата „Голови за победа, голови за радост“ Sport Life го претвори секој гол на македонските ракометари на СП, во донација за хумани цели.

Со хуманата акција „Голови за победа, голови за радост“ Sport Life обезбеди средства кои ќе бидат донирани за набавка на два нови премиум монитори за виталните параметри кај пациентите за потребите на КАРИЛ – Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

На светското ракометно првенство, од 10-ти до 27-ми јануари, Sport Life навиваше заедно со сите нас, притоа наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2000 денари, на кој начин се достигна до износот на донацијата и истиот се заокружи на 400.000 денари. За постигнатите голови на македонските ракометари може да се потсетиме и на следниот линк: https://sportlife.com.mk/golovizaradost

Целта на Спорт Лаиф беше преку оваа хумана акција да придонесе кон она што е најпотребно и најважно за сите нас – здравјето, и во таа насока по пристигнување на опремата, во соработка со претставниците на Министерството за здравство, истата ќе биде врачена на клиниката за КАРИЛ.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Новогодишни пакетчиња од Спорт Лајф за децата од ранливите категории и за лицата со посебни потреби

Орце Костов

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

„Sport Life“ го прослави успехот на своите вработени за 2022 година

Ана Ололовска

„Sport Life” во посета на лицата со попреченост и детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје

Ана Ололовска