Спорно е Јанева од Шутка да потпишува одлуки, тврдат правници

Од:

Правници за „А1он“ тврдат дека е крајно спорна одлуката на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од притвор во затворот во Шуто Оризари преку судот до СЈО да дава полномоштва на обвинители за спас на истрагите и обвиненијата.

Причина за тоа е фактот што Јанева е осомничена и во оваа фаза секоја нејзина одлука би билa со оспорен легитимитет.

Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ потсетува дека во Законот за јавното обвинителтво, т.е. во членот 60 пишува дека јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор.

Единствен начин да се осигура иднина на истрагите и предметите на СЈО е да се донесе новиот закон за јавно обвинителство, тврдат правниците.

Од СЈО за „А1он“ потврдија дека Катица Јанева од Шутка дала наредба сите истраги и предистражни постапки во рок од три дена да бидат префрлени во Јавното обвинителство.

Станува збор за полномоштва со кои им се дава овластување на обвинителите во рок од три дена да ги предадат истрагите и предистражните постапки на редовното обвинителство.

За наредбата на Јанева треба да биде донесена одлука на колегиумот на СЈО.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Неговиот иден статус треба да се реши со новиот закон за ЈО кој е во собраниска процедура, но за кој власта и опозицијата засега не можат да се усогласат.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска