Според Уставот, Иванов е должен да го потпише Законот за јазици

Од:

По вчерашното повторно изгласување на Законот за употреба на јазиците, претседателот на државата, според Уставот, е должен да го потпише указот за негово прогласување.

Претседателот може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на Законот, но само по првото негово изгласување. Според членот 75 од Уставот на Република Македонија, по првото враќање на Законот во Собранието, пратениците повторно го разгледуваат и доколку го усвојат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот е должен да го потпише указот.

Претседателот Иванов вчера изјави дека нема да стави потпис на указот бидејќи тоа не му го дозволуваат совеста и Уставот.

– И по својата репресивна содржина, и по насилниот начин на кој е донесен Законот за употреба на јазиците, не е израз на демократијата. Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон, истакна Иванов во своето обраќање, додавајќи дека мнозинството граѓани никогаш не гласале ниту некогаш би гласале за политичка програма во која е предвиден противуставен, антидржавен и суштински неправеден закон.

Прецизно, не е посочено што е предвидено во случај кога претседателот одбива да го потпише указот. Некои експерти тврдат дека не може да важи законот додека не е потпишан од претседателот.

Собранието вчера во тензична атмосфера со 64 гласа „за“, без против и воздржани по втор пат го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа. За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници со 24 гласа.

Законот, кој првпат беше изгласан на 11 јануари, повторно се најде пред пратениците откако претседателот Иванов не го потпиша и го врати на повторно разгледување во Собранието.

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Шаќири „максимално ќе го поддржи“ отворањето посебни сектори за примена на јазиците во сите институции

Жарко Настоски

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски