Спонтан собир на граѓани пред куќата на убиецот на кучето Идриз

Од:

Вчера граѓани спонтано се собраа пред куќата на монструмот кој го уби кучето Идриз. Грозоморното злосторство не смееме да дозволиме да помине без максимална казна за свирепиот убиец.

Граѓаните оставаа пораки на местото каде што беше брутално убиен Идриз, а и ја нацртаа неговата контура пред домот на монструмот.

Злоупотребата и дивјачкото убивање на животните се сериозни сигнали за закана по општата безбедност на граѓаните. Таквите лица не смее да се шетаат на слобода. Тие денес може да убијат куче, но утре може да убијат и човек, се вели во соопштението на Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН.

Би можело да ве интересира

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Брижит Бардо ќе помoгне мечето Теди кое живееше во стар кафез во Штип да отпатува од земјава

Мери Јордановска