Отворање на спомен собата на генералот Михаило Апостолски, која ќе е во рамките на постојаната поставка на Воениот музеј во Скопје.
Отворањето на спомен собата е по повод 106 години од раѓањето на командантот на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.
На отворањето на спомен собата ќе присуствуваат и министерот за одбрана, Фатмир Бесими и претседателот на Сојузот на борците на НОАВМ, генералот во пензија Тодор Атанасовски.
Реализацијата на спомен собата е овозможена и преку донација од фондацијата `Цвета и Михаило Апостолски` која во 1996 година отстапила мноштво лични предмети на генералот (мебел, библиотека со околу 8.000 наслови, архивски материјал, фотографии, писма и подароци), кои ќе бидат изложени во собата, а со тоа и достапни на јавноста.