Спасувачка екипа евакуирала лице од отсеченото село Горна Белица

Од:

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска спасувачка екипа евакуирала еден државјанин на Република Албанија кој бил завеан во струшкото село Горна Белица.

 – Во текот на вчерашниот ден на бесплатниот телефонски број 195 на Центарот за управување со кризи жител од селото Радожда извести дека лицето Џ.Б. – државјанин на Република Албанија, инаку мајстор – каменорезец кој бил ангажиран на работа  во селото Горна Белица каде патот е непрооден, веќе десет дена не се јавувал ниту имало каква било вест за него. Од тие причини РЦУК Струга и Охрид, во соработка со локалната власт на општината Струга и Охрид, МВР и Црвениот Крст од Охрид, во текот на денешниот ден отпочна акција за пронаоѓање на исчезнатото лице, се вели во соопштението од ЦУК.

Со оглед на тоа што патот за моторни возила е пробиен до селото Вишни, а од таму до селото Горна Белица во должина од 8 километри е непрооден, (со снежна покривка од околу 1 метар), спасувачка екипа составена од пет лица од Црвен Крст од Охрид, две лица од РЦУК Охрид и едно лице од МВР, утрово се упатиле пеш до означената локација во Горна Белица. Спасувачката екипа во Горна Белица пристигнала на означеното место, каде што го пронашла лицето, во добра физичка и здравствена состојба. Спсувачката екипа ќе го пренесе лицето во Струга.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски