Спасовски околу инцидентот во Струмица: Секој што е тепан заслужува заштита, има кривична пријава за 22 лица

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва од собраниската говорница, зборувајќи за неодамнешниот сериозен инцидент во Струмица, порача дека секој тепан или вознемируван човек во државата, без разлика како се декларира заслужува заштита и исто така има обврска да одговара за прекршување на кој било закон во државата.

-Конкретниот настан што ни се случи на 18 март во Струмица е настан што кај целата јавност, особено кај струмичката јавност предизвика внимание и многубројни коментари, оправдани и неоправдани од сите страни. Меѓутоа настанот секако пред се предизвика вознемирување кај луѓето кои го следеа. Така и во овој дел сакам да потенцирам, освен ставот на претседателот на Владата дека секое едно кривично дело, вклучувајќи го и овој настан треба до крај да бидат расчистени и сите да сносат одговорност за тоа што направиле нема никаков друг став што може да влијае во текот на истрагата, изјави министерот Спасовски одговарајќи на пратеничкото прашање од Бране Петрушевски.

Факт е, како што рече, дека луѓето кои учествуваа во тепачката не се Роми, бидејќи тие се декларираат како Македонци со православна вероисповед.

-Ова го кажувам за да не се доведеме во ситуација дека сега имаме напад врз Роми, едноставно тој што објави на ФБ во тој момент не знае за приватно право на секој граѓанин и мисли дека секој што има потемен тен припаѓа на ромската заедница. Сите во Баница се декларираат како Македонци, додаде Спасовски.

Тој посочи дека секој тепан или вознемируван човек во државата, без разлика како се декларира, заслужува заштита од државата и исто така има обврска да одговара за прекршување на кој било закон во државата.

-Преземени се сите неопходни мерки од страна на МВР во содејство со Основното јавно обвинителство во Струмица и со Вишото јавно обвинителство во Струмица. Овој процес е заокружен со поднесување на кривична пријава поднесена против 22 лица, рече министерот.

Тој додаде дека не сака да шпекулира во јавноста поради тоа што предметот е во истрага и нема право да соопштува кој учествувал во настанот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Четворица мажи се истепале во центарот на Скопје

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов