Спасовски нема да има функција во техничката влада, му честиташе на Бојмацалиев кој ќе биде дополнителен заменик во МВР

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој не е меѓу кадрите кои СДСМ вечерва на Централен обор ги избра за членови во техничката влада, му честиташе на неговиот Шеф на кабинет Митко Бојмацалиев, кој ќе биде дополнителен заменик министер во МВР, министерство кое согласно закон, треба да го преземе ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада.

„На денешната седница Централниот одбор на СДСМ донесе повеќе одлуки и заклучоци за обезбедување на европската иднина на Северна Македонија. Врз основа на статутарните надлежности, како членови на Централниот одбор донесовме Одлука за утврдување на кандидати за Министри, Заменици министри и Дополнителни заменици министри во Техничката влада од редовите на СДСМ. Честитки за изборот на моите сопартијци, верувам дека заедно ќе оствариме голема победа на Европскиот фронт. Искрени честитки до мојот актуелен Шеф на Кабинет во МВР, Митко Бојмацалиев, кој со досегашниот придонес во трансформацијата на „МВР за граѓаните” веќе се етаблираше како столб на МВР. Убеден сум дека со него како дополнителен заменик министер за внатрешни работи – МВР останува во сигурни раце. Воедно, донесена е Одлука за свикување на Дваесет и седмиот Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател на Македонија како и Одлука за свикување на Дваесет и осмиот Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидати за пратеници на СДСМ во Собранието за парламентарните избори во 2024 година“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ