Спасовски ќе ја преиспитува деветмесечната работа на Чулев во МВР

Од:

Техничкиот премиер во актуелната Влада, предложен повторно за министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, давајќи отчет за деветмесечното работење на техничката Влада, најави преиспитување на работата на Наќе Чулев, кој беше технички министер за внатрешни работи. Одговарајќи на новинарско прашање за смени и деградирања на полицајци, Спасовски рече дека решенијата ќе ги носи преку дијалог.

„Не требаше да се случуваат ако сакаме полиција како што сакаме да имаме. Од моментот кога Парламентот ќе ја изгласа владата ќе видам што е направено во овие 9 месеци. Како што водев дијалог и претходно, ќе седнеме и со вработените и со синдикатите на разговори. Врвен приоритет е професионална полиција, полиција која ќе служи на граѓаните“, рече техничкиот премиер Спасовски.

Тој изрази посебна благодарност до полицијата, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување како и здравствените работници за успешно справување со кризата.

Техничката Влада која ја водеше Спасовски беше избрана на 3 јануари годинава со обврска да ги подготви предвремените парламентарни избори кои беа закажани за 12 април. Поради пандемијата изборите беа одложени, а се издолжи и мандатот на техничката Влада.

Новата влада, во која Спасовски е предложен повторно за министер за внатрешни работи, се очекува следната недела.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари