(ВИДЕО) Спасовски: Ја врзале Вања за рацете и нозете и ја ставиле во вреќа за спиење

Од:

Монструмите кои ја киднапираа и ја убија 14-годишната Вања Ѓорчевска откако таткото им дал информации кога излегува на училиште, ја начекале девојката во влезот од зградата во која живеела, ја врзале за рацете и нозете и ја ставиле во вреќа за спиење, објасни нови детали од истрагата министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Возилото Цитроен во сопственост на Панче Жежовски од Велес и уште едно, возило Рено Канго се забележани како се движат заедно за првпат на 27 ноември, дотогаш немавме пријава дека колата му е исчезната. Со врзани раце на нозе и во една вреќа за спиење го изнесуваат надвор девојчето и го ставаат во гепек. Пред возилото Цитроен се наоѓа возилото Рено Канго кое цело време се движи пред нив. Однесена е надвор од Скопје, извршено е убиството и возилото е запалено – рече Спасовски.

Спасовски откри дека извршен е претрес на една политичка партија на која тие биле членови, но не кажа дали мотивот бил да се изнудат пари од мајката за да се финансира партијата.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР