Спасовски: Денес останува да го завршиме тоа што е наша обврска – да ја внесеме Македонија во НАТО и во ЕУ

Од:

Денес останува да го завршиме тоа што е наша обврска да ја внесеме Македонија во НАТО и во Европската унија, истакна на граѓанската трибина „На прав пат“ во Куманово, потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека Македонија сега и пред две години воопшто не е иста држава, додавајќи дека пред две години се боревме за слобода, за демократија, за слобода на изразување на мислата, за слободно добивање на услови за развој, за напредок во бизнисот, за слободна администрација, која беше целосно заробена,.

Денес разговараме за сосема други теми, раговараме како да го прославиме влегувањето на Македонија во НАТО, прашање што беше незамисливо пред две години, разговараме како на најдобар можен начин на ги започнеме преговорите за членство во ЕУ и тоа за неколку дена, истакна Спасовски.

Сега разговараме за тоа колку патишта и инфраструктура изградивме во државата, колку направивме за гасификацијата, што ќе направиме за заштита на животната средина, за зголемување на пензиите, за зголемување на минимална плата, за просечна плата од 500 евра, како младите да останат и овде да ја планираат иднидната, како го подобривме обрзаовниот систем и што уште треба да направме за да го подобриме животот на граѓаните, рече Спасовски.

Тој додаде дека Куманово најдобро знае што значеше да се биде под режим и да покаже храброст на сите избори да го победи тој режим, да ја прати порака на храброст до цела Македонија, да дава мотив да се продолжи со битката и на крајот на успееме да ја ослободиме земјата, да ја оттргнеме од канџите на режимот, да ги добиеме сите битки што не беа ни малку лесни.

Пред две години зборувавме за поделбите од секој можен аспект, денеска сите заедно се гордееме на единството и македонците и албанците и турците и ромите и власите и бошњаците и сите останати, кои се посторивме да се движиме по правиот пат, порача од граѓанската трибина „На прав пат“, потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата

Незапаметен напад од мечка на жител од долненското село Секирци

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година