Со мнозинство од 8 гласа „За“ и само еден „против“, и тоа на претседателот Петар Аневски, Советот на јавни обвинители го поддржа барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
На Советот не се отвори материјална расправа за предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски.
Toj го испочитува Законот и не присуствуваше на седницата. А не беше присутен ниту членот Зоран Сулејманов, кој уште од март месец ги исполни условите за одење во пензија.
Одлуките кои во меѓувреме се донесени, а за кои гласаше Сулејманов, според правните експерти треба да подлежат на преиспитување.
Зврлевски доставил мислење до Советот, но во моментот се формулира одговорот до Владата.
Барањето за мислење од Советот стаса минатата недела по одлуката на Владата да побара разрешување на Зврлевски.