А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Жерновски: Голем ден за правдата, лош за „тефтерчињата” на ВМРО- ДПМНЕ

by А1он30/06/2020 - 14:54787
Share0

Како ново и круцијално поглавје во битката за правна држава го оцени денеска заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, Законот за Јавно обвинителство, кој денеска стапи во сила.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Собранието, пред да се распушти во тензична атмосфера, го изгласа со двотретинско мнозинство овој Закон. Тензично, затоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваа да го блокират неговото донесување. Го правеа тоа цели 18 месеци, бидејќи добро знаеја дека денот кога Законот ќе стапи на сила, е и денот кога ќе пропаднат сите нивни обиди да побегнат од правдата. За нив кобни се новите одредби за преземање на предметите од поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО), кои гарантираат дека сторителите на кривични дела ќе ја добијат заслужената казна, истакна Жерновски.

Тој додаде дека Владата, предводена од СДСМ, демонстрирала силна политичка волја за продолжување на реформите во областа на борбата против организираниот криминал и корупција, воедно испраќајќи силна порака кон домашната и меѓународна јавност за политичката заложба на нашата земја кон носење конзистентни одлуки.

-Иако се работеше за еден комплексен предизборен период, не постоеја никакви дилеми за преземање на одлучувачки чекори за продолжување на европскиот курс на земјата. Ние од оваа борба не се откажуваме. Напротив! Крикот на граѓаните и на државата за правда и понатаму ќе не’ води напред, бидејќи сите заслужуваме да живееме во таква држава, наведе Жерновски во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube
jomnrobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Обвинителство бара притвор за Кристијан Корабовски од Охрид кој ја претепа 26 годишната Сара

Горан Наумовски16/11/2026 - 17:2916/11/2026 - 17:56

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он15/11/2026 - 18:1515/11/2026 - 22:45

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:40

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски06/11/2026 - 10:1706/11/2026 - 10:17

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски04/11/2026 - 17:4704/11/2026 - 17:50

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 15:4830/10/2026 - 15:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео