Советот за етика во медиумите осудува физички пресметки помеѓу новинари

Од:

Советот за етика во медиумите на Македонија најостро ги осудува сите облици на физички пресметки во кои се инволвирани новинари и апелира на воздржаност и смирени реакции на какви било провокации од кој и да е центар на моќ, групации или поединци.

Во соопштението наведуваат дека новинарите се должни да ги почитуваат вредностите на својата професија, да не поттикнуваат насилство ниту со своето пишување, ниту со своето однесување и никогаш да не заборават дека нивното најсилно оружје е зборот.

– Не очекува бурен период на политичка кампања и тензии пред претстојните локални избори, па СЕММ повикува на максимална одговорност во вршењето на јавните професии. СЕММ исто така апелира до медиумите на посериозен пристап во известувањето, односно јавниот интерес да биде главен услов при селекцијата на темите што се презентираат на публиката. Освен информативна, медиумите имаат и едукативна улога, тие треба да го збогатуваат јавниот дискурс, да влијаат на негово култивирање, а не на спуштање на нивото на јавната комуникација и креирање на атмосфера што не доликува на едно современо демократско општество, стои во соопштението.

Посочуваат дека пред последните парламентарни избори голем дел од медиумите ја потпишаа Повелбата за етичко известување на Советот за етика  (http://www.semm.mk/novosti-4/2015-08-11-15-03-18/204-2016-01-27-13-41-21http://www.semm.mk/novosti-4/2015-08-11-15-03-18/212-2016-02-13-10-11-20 ) и СЕММ упатува истата да биде максимално почитувана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март