Советот на општина Пустец ги отфрли амандманите за постоење Бугари во Албанија

Од:

Советот на општина Пустец, на денешната седница, со која раководеше претседателката Ирена Василовска, донесе едногласна одлука за отфрлање и не прифаќање на делот од прогрес-извештајот за интеграција на Албанија во Европската унија, каде се споменува и се бара признавање на „бугарско“ малцинство и тоа во региони во кои што живеат Македонци.

– Не само во регионите Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, туку и на територијата на цела Албанија, ниту живееле ниту живеат Бугари. Тие се Македонци и ништо друго. Тоа е голема невистина, рече Василовска.

Меѓу другото, во одлуката на Советот на општина Пустец, стои и податокот дека и на последниот попис од 2011 година што беше одржан во Албанија, во општина Пустец окулу 3.500 постојани жители се декларираа како Македонци и ниту еден како Бугарин.

На седницата присуствуваше и градоначалникот Едмонд Темелко.

– Не треба да Ви кажувам ни Вам ни на никого во Албанија, зашто сите добро знаете, дека малцинството што живее во овие простори и во цела Албанија е македонско, кое е официјално признато во Преспа, иако не и во регионот на Голо Брдо и Гора. Македонците во Албанија не се Бугари и напорите за признавање на непостоечко бугарско малцинство во Албанија го сметаме како фалсификат на историјата и на вистината, рече Темелко.

Тој додаде дека во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, бошњачко и ромско-египќанско малцинство, но не и бугарско.

Би можело да ве интересира

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски