Советот на обвинителите бара повеќе информации за „Рекет“, од понеделник ќе расправа за Јанева

Од:

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го достави до Советот на јавните обвинители извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и истражната постапка за случајот „Рекет“, во кој осомничена е и обвинителката Катица Јанева.

Извештајот е доставен по барање на претседателот на Советот, Коле Штерјев, кој сега треба да свика седница за да расправа за статусот на Јанева, дали таа постапила незаконски и несовесно во врешењето на функцијата и да донесе одлука дали ќе иницира постапка до Собранието за нејзино разрешување.

Од Советот неофицијално велат дека денеска нема да заседаваат затоа што недостигал дел од списите, па седницата, најверојатно, ќе се одржи во текот на идната недела.

Советот исто така треба да одлучи и дали ќе назначи вршител на должност на местото на Јанева, како што повика државниот обвинител Љубомир Јовески, повикувајќи се на постојниот Закон за Обвинителството или тоа ќе биде оставено да го договорат најголемите политички партии, кои ја избрале специјалната обвинителка, како што тврди претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски.

Мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а партиите од понеделник се очекува да продолжат со преговори за новиот предлог-закон за Обвинителството, што треба да го реши статусот на СЈО.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава