Советот на Кавадарци против нова загадувачка индустрија

Од:

Советот на општина Кавадарци гласаше против барањето од позната кавадаречка компанија, за преформулирање од Г-2 во Г-1 индустрија. Мнозинството советници одлуката ја донесе на седницата што се одржа вчера попладне.

Претходно, на седницата беа кажани заклучоците од собраниските комисии за урбанизам и екологија, со кои беше одбиено барањето на компанијата за промена од Г-2 во Г-1 индустрија во Кавадарци.

Притоа беше нагласено дека Советот е за развој на компанијата, но да се најде соодветна локација со услови за развој на загадувачка индустрија.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење