Советникот Усеини гради и бетонска база на брегот од Охридското езеро на диво, општината знае но не реагира

Од:

Советникот во Општина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини, гради и бетонска база на охридското крајбрежје. За оваа градба, Усеини ги нема потребните дозволи кои треба да бидат издадени од Општината, но и останатите надлежни институции, дознава „А1он“. Досега, нема одлука за издавање на еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина. Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга. Иако Општината и градоначалникот Константин Георгиевски знаат за овој објект подолго време, тој и натаму се гради без проблем, иако се прекршени низа закони бидејќи станува збор за нова дивоградба.

Работниците базата ја поставуваат неколку месеци, на местото е направен влез за во базата, а тревникот кој е веднаш до брегот на Охридското езеро е претворен во градилиште. Освен пропратните елементи, за функционирање на базата за производство на бетон е изградена и тврда конструкција. Изградбата на објекти на ова место е строго регулирано, а појасот е заштитен од УНЕСКО, што значи дека изградбата на вакви објекти кои може да предизвикаат еколошки проблеми е строго забранета. Неофицијално, парцелата на која се гради базата е во сопственост на Исламската верска заедница.

Општина Охрид пред неколку месеци, кога „А1он“ пишуваше за дивоизградениот објект кај Чинарот, изјави дека не знае чија е бетонската градба, но дека ќе ги превземе сите мерки за санкционирање на инвеститорот. Во истиот период, советникот од ДУИ, Усеини, во изјава за „А1он“ кажа дека базата е негова, но дека станува збор за подвижен објект, кој само моментално е стациониран на локацијата. Досега, Општината не успеа да ја спречи ниту оваа дивоградба. Не е познато ниту како оваа база ќе се напојува со струја, имајќи во предвид дека станува збор за дивоградба.

Ова е втора дивоградба на советникот Нефи Усеини на територијата од Општина Охрид, во неколку месеци, за која пишува „А1он“ . Исто така, „А1он“ од март годинава пишува за дивоградбата на плоштадот Чинар, каде Усеини на државно земјиште, без договор за закуп и без дозвола од Општината изгради летна тераса. Објектот е бетониран, а се поставува и фасада со украсни плочки кои изгледаат како камења. Десетици работници го работат и ентериерот на дивоградбата, а пред објектот, на десет метри од Чинарот има расфрлано градежен шут.

Последно за нелегалните градби реагираше и УНЕСКО од каде побараа мораториум за градење и отстранување на неавтентичните холтикултурни решенија. Градоначалникот Георгиевски експресно ги отстрани палмите од центарот, започна со отстранување на билбордите, но не и со дивоградбите, меѓу кои се објектот кај Чинарот и бетонската база на стариот пат Охрид-Струга.

Советникот Усеини во предизборието беше пријавен во полиција за напад на инспектор од Скопје, кој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата во заштитеното јадро на Охрид. И по речиси месец дена, советникот од ДУИ не се гони за ниту едно кривично дело. Последно, Усеини натепа и негов колега за време на седница на Советот, но и за ова сè уште не е санкциониран.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани