Советникот од ДУИ си стави покрив на дивоградбата во Охрид

Од:

Додека Охрид да распише тендер за рушење на дивоградбите во општината, советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини, продолжи со доизградба на дивоградбата во заштитеното јадро на плоштадот Чинар.

Летната тераса на објектот што го има закупено Усеини изминативе денови доби и кровна конструкција. Мајсторите и натаму работат, иако градежниот инспекторат постави жолта лента на објектот со која се забранува пристап до парцелата.

„А1он“ го исконтактира Усани за да го праша зошто гради и покрај решението да ја отстрани градбата, на што тој одговори со пцости.

„Ма иди во п**ку матер. Мамицата да ти ја е**м. Која дивоградба пи*ка ти матер“, рече совеникот од ДУИ, Усани, не дозволувајќи да му се постави прашањето, по што го исклучи повикот.

Тендерот за избор на фирма што треба да ја урне дивоградбата не е распишан, иако градоначалникот Константин Георгиевски во предизборниот период рече дека кон отстранување на оваа дивоградба ќе се пристапи веднаш по завршување на изборите. Охридските медиуми толерантниот однос на Георгиевски кон дивоградбата го гледаат во поддршката што Усени му ја пружил за време на изборите, со агитирање на гласачи.

Советникот Усеини во предизборието беше пријавен во полиција за напад на инспектор од Скопје, кој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата во заштитеното јадро на Охрид. И по речиси еден месец, совеникот од ДУИ не се гони за ниту едно кривично дело.

„Испративме известување до ОЈО со кое го запознавме за настанот, како и изјавите на двете страни. Обвинителството ќе треба да утврди дали постои одговорност и дали ќе го гони Усеини“, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Објектот чиј инвеститор е Усеини се појави за време на викендот на 9 и 10 март кога градежни работници со багери и хилти ја урнаа старата платформа и почнаа да градат нова. Сите градежни активности беа нелегални, но инспекцијата на терен излезе десет дена подоцна.

Општината на 25 март донесе решение за уривање на дивоградбата кај Чинарот и му даде рок од 10 дена на сопственикот сам да ја урне. Речиси два месеца по донесувањето на решението, ниту сопственикот на терасата сам ја урна ниту Општината уриваше.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка