Советниците на СДСМ бараат вклучување на сите јавни претпријатија за решавање на проблемот со сметот

Од:

Советот на Град Скопје задутре ќе одржи вонредна седница по барање на советниците од коалицијата предводена од СДСМ. Едно од мерките што ќе ги предложат за решавање на проблемот со сметот во градот е вклучување на сите претпријатија.

– Во рамки на своите надлежности и во име на граѓаните Советот има обврска да дискутира за актуелната состојба во ЈП „Комунална хигиена”, а СДСМ ќе предложи и мерки и активности за итно дејствување на градот. Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала, истакна во изјава за медиумите советничката од редовите на СДСМ, Љубица Јанчева.

Според неа, оваа мерка ќе овозможи ЈП „Комунална хигиена” брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос.

Јанчева рече дека очекувааат поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ВМРО ДПМНЕ.

– Советот има механизми што треба да ги искористи во интерес на граѓаните и во интерес на Скопје, и во оваа насока очекуваме одговорност од сите советници, додаде Јанчева.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус