Советниците на Центар утре гласаат за референдум за ГТЦ

Од:

Советот на Општина Центар на седница која почнува утре во 13 часот ќе расправа и гласа за предлог одлуката за распишување референдум за ГТЦ.

15-тина невладини организации и асоцијации од општина Центар побараа да присуствуваат на седницата.

Според најавите граѓаните собрани преку иницијативата Го сакам ГТЦ пред самиот почеток на седницата пред просторијата каде што ќе одлучуваат советниците, ќе се соберат за да укажат дека сите избрни советници од нецнат, независно на партиска припадност треба да гласаат за распишување и издржување на референдум на 26-ти април.

Со ова нема да се дозволи власта да ја реализира замислата ГТЦ, кој пто е душата на Скопје да „облече“ барокна облека.

За да биде донесена одлуката потребни се 12 позитивни советнички гласови токму колку што има коалицијата предвоена од СДСМ.

За да биде референдумот успешен треба да гласаат 50% од граѓаните запишани во избирачкиот список во центар +1, но доколку ист толкав процент излезе на гласање.

Одлуката на референдумот е обврзувачка. Овој референдум би бил прв на локално ниво на ниво на Град Скопје.

Референдумот ја зголемува политичката партиципација на граѓаните во процесот на носење одлуки.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов