„Совет на Амбасадори“: ЕУ да ги поддржува евроаспирациите и достигнувањата на земјите кандидати

Од:

Здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ во денешното соопштени го поздравува реафирмирањето на европската перспектива на земјите од Западен Балкан во францускиот нон-пејпер доставен до земјите членки на Унијата.

– „Советот на Амбасадори“ високо ја цени констатацијата изнесена во нон-пејперот дека блиските врски со ЕУ се единствениот пат земјите од Западен Балкан да изградат или ги консолидираат државите врз основа на владеењето на правото и економскиот и социјалниот развој. „Советот на Амбасадори“ е убеден дека за да се постигнуваат тие цели потребно е земјите членки на Унијата преку разни форми и инструменти да ги поддржуваат европските аспирации и достигнувања на земјите кандидати, што не беше случај на последниот Самит на Европскиот Совет одржан во октомври оваа година, се наведува во соопштението.

Советот смета дека процесот на проширувањето не е единствениот што ја прави Унијата неефикасна и „речиси неуспешна во однос на глобалните предизвици на времето, како што се глобалните економски кризи, европската одбрана и безбедност, борбата против светскиот тероризам и бегалските кризи кои и се наметнуваат на Европа како резултат на нестабилноста на цели региони во светот“.

– Ние ја прифаќаме како реалност констатацијата дека на Европската Унија и се потребни длабоки реформи во многу области, вклучувајќи го тука и областа на проширувањето, но сметаме дека проширувањето не треба да запре се додека не завршуваат посакуваните реформите кои во теорија и пракса се долги процеси на преговарања и договарања внатре во Унијата сè до нивно конечно усвојување. Ние сметаме дека проширувањето и реформите би требало да бидат паралелни процеси, наведува здружението.

„Советот на Амбасадори“ смета дека определбата на Франција изразена во нон-пејперот оти проширувањето како процес во иднина да оди побавно и поквалитетно нема основа во реалноста, оти не секогаш само процесите кои траат долго се поквалитетни, бидејќи таквиот пристап може да донесе и спротивни резултати.

– Имено, проширувањето за Република Македонија беше речиси дводецениски евроинтеграциски процес на уцени, надежи, преговарања и договарања, исполнување на реформи за на крај времено да заврши со неуспех преку неправедно блокирање на тој процес од страна на само една земја членка. „Советот на Амбасадори“ смета дека ќе биде од корист процедурата на групирање на темите во преговарачки тематски блокови (како што стои во нон-пејперот) наместо досегашните многубројни поглавја. Советот исто така смета дека овозможување на пристап до структурните фондови во областите каде ќе се постигне напредок од страна на земјите кандидати ќе го поттикнува и мотивира тој процес, се додава во соопштението.

„Советот на Амбасадори” смета и дека воведувањето на принципот на реверзибилност ќе ги мотивира земјите кандидати похрабро да ги реализираат и имплементираат реформите во пракса, бидејќи со тоа акцентот ќе се става на индивидуалните заслуги и достигнувања на земјите кандидати, односно т.н. мерит систем, кој нема да биде зависен од геополитичките прилики и застојот во реформите во други земји кандидати.

– „Совет на Амбасадори” ги поздравува залагањата на голем број земји членки на Унијата и на лидерите на европските институции Унијата во март 2020 повторно да се наврати на одредувањето на датум за преговори за Република Северна Македонија и Република Албанија и се надева дека овој пат тој процес ќе биде успешен, се заклучува во соопштението на Извршниот одбор на „Советот на амбасадори“.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески