Трет состанок за ретки болести во Југоисточна Европа ќе се одржи денеска во Македонската академија на науките и уметностите.
Во Европа, во категоријата „ретки“ се сметаат болестите од кои страда секој 2000-ти човек. Според проценките на Европската агенција за медицина, во Европската унија евидентирани се меѓу 5.000 и 8.000 ретки болести од кои страдаат од 6 до 8 проценти од населението, што во апсолутни бројки изнесува од 27 до 36 милиони жители на ЕУ.
Во Република Македонија досега се регистрирани 60-тина пациенти со ретки болести, но нивниот број најверојатно е поголем, ако се земе превид стапката на заболени во Европа.
Научните достигнувања во областа на молекуларната медицина креираат надеж за подобра дијагностика и современ ефективен третман на ретките болести.