Францускиот амбасадор додели дипломи ДЕЛФ на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово

Од:

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние на свеченост што се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово ги додели дипломите ДЕЛФ за познавање на францускиот јазик.

Повеќе од 40 ученици, деца и возрасни, од полошкиот регион годинава почнувајќи од почетното до највисокото ниво на ДЕЛФ го положиле овој испит.

Амбасадорот Тимоние изрази задоволство што голем број заинтересирани лица од Тетово и Гостивар го изучуваат францускиот јазик што, рече, отвора многу можности во иднина. Тој информира дека по средбата со претседателот на Република Македонија  Ѓорге Иванов добил најава дека тој ќе учествува на Самитот на франкофонијата што ќе се одржи на Мадагаскар.
– Многу ми е драго што ве гледам во толку голем број. Посебно сум задоволен што гледам многу млади лица. Сакам да ви честитам на сите за здобиените дипломи и да ви кажам дека изучувањето на францускиот јазик е одлична можност за големи успеси во иднина, бидејќи ви отвара врати кон нови искуства, образование и работа. Се надевам дека и понатаму ќе продолжите да го усовршувате јазикот, изјави амбасадорот Тимоние.

На церемонијата и беше доделена и магистерската диплома од францускиот Универзитетот „Д’Артоа“ на професорката од Француската Алијанса – Мимоза Цека. Како што истакна директорката на Француската Алијанса во Тетово, Жули Шемберланд со оваа церемонија се прославува успехот и вреднувањето на учењето на странските јазици во регионот.

Би можело да ве интересира

Во Трст конференција за превенција на безбедносни ризици во ЈИЕ

Ана Ололовска

ОБСЕ: Дури 70 отсто од жените во ЈИЕ биле жртви на насилство

ВИДЕО: Поголема соработка на земјите за поефикасно справување со безбедносните ризици

Ана Ололовска

Современи безбедносни предизвици во ЈИЕ

Ана Ололовска

Во Струга отворена Годишната конференција на медиумите од ЈИЕ

Ана Ололовска

Македонија домаќин на состанок на министри за здравство на ЈИЕ

Наум Локоски