Меморандум за соработка меѓу Министерството за првда и Универзитетот на ЈИЕ

Од:

Министерот за правда Валдет Џафери и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика денеска потпишаа меморандум за соработка. Со него се овозможува стручни кадри од Министерството да им дадат соодветна помош на студентите од Правниот факултет на УЈИЕ што сакаат да полагаат правосуден испит.

dobivaj vesti na viber

Министерот Џафери посочи дека ова е првпат Министерството да потпишува ваков договор со некоја високообразовна институција во Македонија.

– Процесот што го финализираме денеска започна уште додека министер за правда беше професорот од УЈИЕ Аднан Јашари и еве сега јас го потпишувам како поранешен студент тука. На овој начин Министерството ќе им излезе во пресрет на сите студенти заинтересирани да го полагаат правосудниот испит со нашите експерти кои ќе им помогнат со успех да го положат овој испит како важен дел од нивната понатамошна кариера по завршувањето на факултетот изјави Џафери.
За ректорот на УЈИЕ Дика денеска потпишаниот меморандум е само продолжение на добрата соработка на двете институции.
– Имам големо задоволство да соработувам со нашиот поранешен студент сега министер за правда Валдет Џафери кој сега е во позиција да придонесе во овој важен сектор од општественото живеење со знаењата и компетенциите што ги стекнал за време на школувањето на УЈИЕ. Можноста за полагање на правосудниот испит за време на студирањето е и продолжување на нашиот правец за практично применување на знаењата така што нашите студенти ги стекнуваа за време на нивните студии така што подготвени излегуваат на пазарот на трудот, рече Дика.

Би можело да ве интересира

Во Трст конференција за превенција на безбедносни ризици во ЈИЕ

Ана Ололовска

ОБСЕ: Дури 70 отсто од жените во ЈИЕ биле жртви на насилство

ВИДЕО: Поголема соработка на земјите за поефикасно справување со безбедносните ризици

Ана Ололовска

Современи безбедносни предизвици во ЈИЕ

Ана Ололовска

Во Струга отворена Годишната конференција на медиумите од ЈИЕ

Ана Ололовска

Македонија домаќин на состанок на министри за здравство на ЈИЕ

Наум Локоски