Посредникот во разговорите меѓу четирите најголеми политички партии Питер Ванхауте за денеска најави нова средба на партиските работни групи.
Според него, четирите партии постигнале одреден напредок за отворените прашања од договорот од 2 јуни/15 јули, но се уште нема финален договор.
Ванхауте рече дека работната група ќе се состане денеска во 11 часот.
– Каков било договор треба да биде поддржан од сите четири партии. Во спротивно, ќе нема договор, изјавил Ванхауте за телевизијата „Алсат М“.
Во изминатите денови Ванхауте имаше одвоени средби со претставниците на политичките партии, по консултациите што ги имаше во Брисел.