Сопственикот на „Авалон продукција“ – Бобан Милошески денеска јавно се извини за неговото однесување на претходната прес-конференција кога на прашање на новинарка, одговори со прашањето „Дали ти изгледам јас како идиот?“.
„Прво неџентлеменски искажаната прва реченица без персирање, второ афектно искажаната прва реченица исто така без многу памет. Не знам на колку од вас ви се случило да изговорат нешто во афект од умор и од стрес. Тоа е едноставно кога јазикот ти е побрз од мозокот. Мене конкретно тоа ми се случи на таа прес-конференција. Контекстот на пресот беше сосема друг, не го очекував тоа прашање, без размислување одговорив во афект од умор и од стрес“, кажа Милошески.
