Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

Од:

СДСМ побара Владата јавно да ги објави сите детали околу најавениот концерт на светски познатиот диџеј Дејвид Гета во Скопје, кој треба да се одржи во рамки на одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.

На прес-конференција, Петар Огњеновиќ оцени дека најавата отвора сериозни сомнежи за начинот на кој е донесена одлуката и за висината на трошоците што ќе паднат на товар на граѓаните.

„Првото и најважно прашање е – колку ќе ги чини ова граѓаните? Се најавува концерт на стадион, но не се кажува хонорарот. Само настапот на Дејвид Гета чини најмалку еден милион евра, а ако се додадат бината, озвучувањето, обезбедувањето и останатите трошоци, сумата значително расте“, рече Огњеновиќ.

Од СДСМ прашуваат кој ја донел одлуката за трошење, кој преговарал и со која фирма е склучен договорот.

Посебен сомнеж, според партијата, предизвикува ангажманот на компанијата „Авалон“, за која тврдат дека е со блокирана сметка и се наоѓа на листата должници на УЈП.

„Како е избрана токму таа фирма за организација на државна манифестација? Имало ли јавен повик, тендер или сè е договорено во четири очи?“, праша Огњеновиќ.

Тој отвори и дилема дали веќе е извршена авансна исплата, посочувајќи дека вакви настапи вообичаено бараат аванс од најмалку 30 проценти.

Од СДСМ велат дека според информации од кругови на компании кои се занимаваат со организација на вакви настани, вкупната сума за целиот проект, кој освен Дејвид Гета опфаќа и над 120 артисти, може да надмине три милиони евра, а според некои проценки да достигне и до пет милиони евра.

Партијата ја критикува Владата дека во време кога студентските домови се соочуваат со лоши услови, се планираат милионски трошоци за концерт.

„Дајте им ги тие пари на студентите, обезбедете достоинствени услови, топла вода и нормален живот, па тие ќе го слушаат Дејвид Гета каде сакаат“, порача Огњеновиќ.

Од СДСМ нагласуваат дека не се против концертот, туку бараат целосна транспарентност.

„Не сме против Дејвид Гета, туку против криминалот и корупцијата. Денот на независноста не смее да биде валкан со матни договори, провизии и договори во четири очи“, порачаа од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“