Сообраќајни контроли за алкохолизирани возачи во полошко изминатиот викенд

Од:

Вкупно 22 возачи, кои управувале возила под дејство на алкохол, открила полицијата при акциските контроли спроведени во тетовско – гостиварскиот регион изминатиот викенд, информираа од СВР Тетово. Според нивните податоци со контролите биле опфатени 121 возач од кои во тетовско 72 и 49 во гостиварско.

При контролите на тетовското подрачје биле откриени 17 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај, при што на 16 времено им биле одземени возачките дозволи. На сите 17 прекршители им биле изготвени мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби зависно од степенот на алкохолизираност. Покрај овие биле откриени и 13 други видови прекршоци.

Во акциските контроли во гостиварско бројот на алкохолиизирани возачи изнесувал пет. Тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле три мандатни платни налози и две барања за поведување прекршочна постапка. Во гостиварските активности биле откриени и седум други прекршоци.

Глобата за управување под дејство на алкохол се движи од 250 до 400 евра во денарска противвредностм а за овој вид прекршок предвидена е и заштитна мерка забрана за управување од три до 12 месеци, во зависност од категоријата на возилото со кое е сторен прекршокот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски