Времето денеска во Македонија наутро ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево, ветровито и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на повисоките места, каде ќе достигнува брзина и од 80 километри на час.
Температурата ќе се движи од нула до осум степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево, ветровито и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до три степени.
Во наредните денови следува стабилно и студено време, а особено студено ќе биде в среда наутро.
